Министерката Царовска не дојде на дебатата за Законот за дискриминација

by Fokus
Министерката Мика Царовска во последен момент го откажа учеството на дебатата за предлежените измени за Законот за дискриминација.

Во 10 часот кога требаше да почне дебатата, беше соопштено дека министерката во последен момент откажа. По дваесетина минути дојде претставничка од нејзиниот Кабинет. Таа се извини од име на Царовска и рече дека министерката не можела да дојде поради обрски, односно била повикана во Влада.

Дебатата за измените на Законот за дискриминација со стручната и засегната јавност е во организација на предлагачот на измените, Министерството за труд и социјална политика и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

Поврзани новости