Министеркaта Ременски наиде на затворена врата во Заводот за рехабилитација

by fokus

На меѓународниот ден на лицата со инвалидност, министерката за труд и социјална работа, Фросина Ременски, наиде на затворена врата во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје.

Министерката сепак успеа да влезе од задната врата, а како што истакна дошла во ненајавена посета поради многубројните жалби од граѓани кои имаат блиски доверени на грижа во центарот.

Министерката Ременска посочува дека условите во центарот се далеку од оние кои треба да ги обезбеди една вакв државна установа.

Од увидот во заводот било утврдено и дека дел од штитениците имаат потреба од лекарска помош, а дел воопшто не требало да бидат згрижени таму, односно била направена погрешна проценка од страна на стручните служби.

Поврзани новости