Министерка и амбасадор на работа со велосипед

by Fokus

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и Амбасадорот на Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп денеска отидоа со велосипед на работа со цел да ја одбележат Европската недела на мобилност, но и да ги поканат сите граѓани да го следат овој пример.

Двајцата го изразија своето задоволство што гледаат се повеќе луѓе на велосипед, кој е најлесниот, најефикасниот и најеколошкиот начин на превоз за Скопје.

Заедно истакнаа дека е потребен заеднички труд од централната и локалната власт, како и од граѓаните, со цел Скопје да се направи вело-град, но и дека придобивките од ова ќе ги почувствуваат сите.

Поврзани новости