МИНИ и МАКСИ – е новиот инстант-лоз на Државна лотарија, кој нуди 10 автомобили БМВ X1 и 5 автомобили МИНИ ОНЕ. Државна лотарија ја продолжува низата на инстант-лозови, каде главна премија се автомобили. Овој пат во игра се два типа автомобили-БМВ X1 и МИНИ ОНЕ.
Играта е едноставна и динамична. Во 9-те полиња за гребење треба да се откријат три исти симболи на БМВ X1 или три исти симболи на МИНИ ОНЕ за добивка автомобил. Или, пак, треба да се откријат три исти износи за парична добивка.
Покрај автомобилите, лозот нуди и 20 добивки по 50.000 денари и други парични добивки.
Ве покануваме, да не ги одминувате среќните места на Државна лотарија, да го побарате новиот лоз МИНИ И МАКСИ кој за МИНИ инвестиција од 80 денари може да ви донесе МАКСИ добивка и максимум адреналин.
Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за СРЕЌА ПЛУС и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот МИНИ И МАКСИ со кој може покрај возбуда и забава, да подарите автомобил или вредна парична добивка.