Минчо Јорданов најбогатиот Македонец

by lali 09:10
09:10

Бизнисменот Минчо Јорданов е најбогатиот Македонец, според мапата на најбогатите што ја објави Vox.com. 

Порталот не ја објавува вредноста на имотот што го поседува Јорданов, но, според она што може да се види од мапата, Македонија е обележана со бела боја, што значи дека неговото богатство е од „поситните“, односно под еден билион долари.

- Advertising -

Меѓу најбогатите во останатите држави е Аманцио Ортега, сопственикот на „Зара“, Стефан Персон, газдата на бутиците H&M, Мајкл Фереро, сопственикот на „Нутела“. Најбогат Србин е Миодраг Костиќ, газда на МК Груп. Во групата најбогати се и сопствениците на брендовите „Лореал“, „Улкер“, „Лидл“ и „Редбул“.

Јорданов е сопственикот на весникот „Нова Македонија“. Но, тоа е најмалата алка во неговииот бизнис. Најголемите зделки со власта и со владините институции се јавуваат преку градежната фирма „Бетон“ каде Јорданов е директор, а гради поголем број од објектите од „Скопје 2014“.

Фокус уште во 2007 година пишуваше за бизнисите на Јорданов, а него го карактеризираше како „човек за сите времиња“.

Поврзани новости