Минатата недела за 9% се зголеми бројот на заразени од Кови-19 во Европа

by fokus

Бројот на новозаболени лица со Ковид-19 минатата недела се зголеми за девет проценти во 53 земји во Европа, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО).

Регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге истакна дека минатата недела регистрирани се над еден милион случаи. Тој додаде дека порастот на новозаболени е посебно забележителен во Централна и Источна Европа.

Клуге наведе дека минатата недела и во некои западноевропски држави регистриран е раст на бројот на инфицирани лица со Ковид-19.

Поврзани новости