Милошоски: Димитров веќе не е другар со Спасовски и Османи, скарани се!

by Fokus 22:36
22:36

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски покажа фотографија од собраниската говорница покажувајќи ги поранешниот мининстер Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Спасовски и за надворешни работи, Османи.

-Сега веќе Димитров не е другар со Оливер и со Османи, скарани се, а на оваа фотографија од март и порачаа на македонската јавност дека Македонија по 15 години чекање почнува преговори со ЕУ, рече Милошоски алудирјќи на тоа дека датумот сеуште го чекаме.

Според него самата влада е генератор на нови проблеми и кризи, а во прогармата се гледа континуитет со интересите на Заев и бизнис интересите на неговата фамилија.

-Граѓаните ги доведовте од живот за сите до криза за сите, од едно општество за сите, од надоброто за мојата општина дојдовме до копање на биткоини од Елвис и Габриел. Генерално пензионерите, студентите, граѓаните се осиромашени повеќе од пред пет години.  Приоритет ви е бизнисот со марихуаната. Ваквата легализација не ви е потребна, а против тоа се и земјите од регионот и земји од ЕУ. Ако се легализира тоа ќе биде проблем за целиот регион. Не ставајте приоритети кои Македонија ќе ја направи Колумбија – рече Милошоски.

 

Поврзани новости