Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ, АА и ЛДП ги надгласаа СДСМ и ДУИ во Комисијата за европски прашања

by Fokus

Предлог-законите за управување со отпад и за управување со пакување и отпад од пакување, обележани со европско знаменце, како дел од европските директиви, биле симнати од дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците/Алтернатива, со поддршка од ЛДП, која е дел од парламентарното мнозинство, практично ги надгласале пратениците на СДСМ и на ДУИ, обезбедувајќи еден глас повеќе за симнување на двата закона од дневен ред, а по барање на еколошки организации.

-Денес, на седницата на Комисијата за европски знаменца, по барање на еколошките организации и групата О2, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП и Алијанса гласаа (со 8 гласа за , а СДСМ и ДУИ беа против со 7 гласа) да се симнат од дневен ред контроверзните предлог-закони, со образложение дека прво е потребна широка јавна дискусија на овие теми, а потоа изјаснување во Собранието. Пратениците од ДУИ и од СДСМ нервозни дека беа надгласани, а се декларираат демек се зелени, ја напуштија седницата на Комисијата, објави Милошоски на Фејсбук.

Претседател на Комисијата за европски прашања во парламентот е координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми, додека двата закона се подготвени од Министерството за животна средина.

Поврзани новости