Милошоски утринава ќе и носи “бомби” на Русковска за Заев

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, утринава треба да се појави во Обвинителството за гонење на  организиран криминал и корупција , бидејќи вчера најави дека на обвинителката Вилма Русковска ќе и достави “бомби” на кои наводно се слуша гласот на Зоран Заев.

Милошоски најави дека на обвинителката  ќе и го предаде аудио-материјалот што го презентираше во парламентот поврзан со финансирањето на Меѓународниот сојуз и 1ТВ.

-Во прилог на овој материјал ќе го доставам и транскриптот од чија содржина произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалнотофинансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ. Се надевам дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет“, напиша Милошоски на фејсбук.

Поврзани новости