Ова беа најмирните избори досега одржани во Македонија, ова е оценката на Антонио Милошоски, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица кој излезе на пресконференција веднаш по 19 часот, откако заврши гласањето. Милошоски ги оцени изборите и како скандинавски.
Според ексминистерот за надворешни работи успех е што граѓаните не дозволиле да бидат вовлечени во сценариот на опозицијата.
- Advertisements -
– Се обидоа преку нивни блиски медиуми, кои го кршеа молкот, да создадат слика дека нешто страшно се случува. Опозицијата беше прочитана и својот слаб капацитет и изборен неуспех да го префрли на грбот на граѓаните – изјави Милошоски.