Милошоски напиша по кој тек според него ќе се одвива промената на името

by fokus 09:33
09:33

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски на Фејсбук со фотографија од премиерот Зоран Заев како невеста и грчкиот премиер Алексис Ципрас како зет, го напиша текот кој според него ќе се одвива до крајниот договор за промена на името.

„Рамката и чекорите договорени од Коѕијас-Димитров, што ќе ги спроведат Ципрас и Заев за смена на уставното име на Република Македонија:
1. Дефинирање на новото име во наредните денови преку канал за комуникација помеѓу Заев и Ципрас
2. Потпишувањето на договорот за промена на името од страна на Ципрас и Заев на состанокот во Преспа, почетокот на јуни.
3. Договорот за промена на името оди до Парламентот во Скопје, кој ќе го одобри 61 пратеник со просто мнозинство.
4. Грција ќе испрати писмо до НАТО за да каже “да” за пристапувањето на Скопје под услов (т.е. членство само по уставната промена)
5. Грција ќе испрати писмо до ЕУ со кое ќе ги поддржува разговорите за пристап во Скопје, под услов  промената на Уставот да се во период од 12 месеци
6. На 28 јуни, Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да добие датум за почеток на пристапните преговори.
6-а. На 11 и 12 јули Скопје ќе добие официјална покана за НАТО.
7. Референдум ќе се одржи во Скопје во октомври. Заев сака исход што ќе покаже дека мнозинството од неговите граѓани го прифаќаат рамковниот договор за промена на името.
8. Врз основа на очекуваното силно одобрување на референдумот од страна на социјалдемократите и албанските гласачи, Заев ќе побара од Парламентот, вклучително и опозициските партии, да поддржат со двотретинско мнозинство уставни измени на името. Ако некои пратеници артикулираат силно противење на промената на името, Специјалното обвинителство и другите владини институции ќе вршат соодветен притисок.
9. Договорот за промена на името на Скопје ќе дојде во грчкиот парламент за гласање, а потоа и во други земји ќе започне процесот на ратификација за членство во НАТО.
10. Земјите на ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име на Скопје“, напиша Милошоски.

- Advertisements -

Рамката и чекорите договорени од Коѕијас-Димитров, што ќе ги спроведат Ципрас и Заев за смена на уставното име на…

Publiée par Antonio Milososki sur Lundi 28 mai 2018

Овие точки кои ги напиша Милошоски на англиски јазик се речиси исти со седумте точки кои ги објавија грчките медиуми, но во проширена верзија со последните три точки.

Поврзани новости