Милошоски: МВР на Спасовски делело пасоши и на борци на ИСИС

by fokus

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска на прес конференција изнесе нови обвинувања за акцијата „Двојник“ или како што ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува аферата „Мафија“. Според Милошоски, македонски пасош издаден од МВР во 2018-та година има и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС.

Тој бил баран со потерница од приштинскиот суд за одлежување на затворска казна но на непознат начин успеал да стигне во Македонија и од Македонија да добие македонска патна исправа со лажен идентитет, вели Милошоски.

-Според нашите информации Спасовски и МВР овозможиле да се крадат идентитети за да се даваат вакви пасоши на лица кои што се борци во Сирија, членови на терористичката група ИСИС. Во февруари 2019-та година на пристаништето во Валона бил уапсен Фитим Дема, косовски државјанин кој што бил уапсен со македонска патна исправа. Инаку во Сирија бил познат како еден од најблиските соработници член на Љавдрим Мухаџери, еден од најпознатите членови на ИСИС и на оваа терористичка организација од регионот. Фитим Дема бил баран за издржување на затворска казна за учество во терористичка група и учество во странска војска од страна на судот во Приштина. Во март 2018-та година им побегнал на косовските власти. И во 2018-та година исто така успеал да извади македонски пасош со лажен идентитет. За што сметаме дека не можело да се случи само со знаење на шалтерски работници, морало некој и од повисоките раководни структури да му овозможил на овој терорист од регионот кој што учествувал во борбите во Сирија да добие македонски пасош. Откако добил македонски пасош намерата му била со траект преку Валона да замине за Бриндизи во Италија. И тогаш благодарение на препознавањето од страна на граничната полиција на Албанија е уапсен и е констатирано дека има македонска патна исправа. За што албанските медиуми многу на долго и на широко пишуваа во текот на 2019-тата година. Така што дури и во 2018-та година министерот за внатрешни Спасовски та не знаел за издавањето на пасош на овој терорист, можел преку јавно достапни информации да го дознае тоа во 2019-та година, вели Милошоски.

Поврзани новости