Милошоски: Ќе поднесам оставка за ширење лажни вести, кога Заев и Димитров ќе поднесат оставки што лани манипулираа дека имаме сигурен датум

by fokus

Најголемите ширачи на лажни вести дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ се премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Никола Димитров. Подготвен сум да дадам оставка ден по поднесување оставка од нивна страна, рече вечерва пратеникот Антонио Милошоски во „24 Анализа“, прашан во врска со неговиот јавно објавен став за добивањето датум за преговори за членство на земјава во ЕУ.

Според Милошоски, МНР има телеграми и дописи од Брисел кои јасно укажуваат кои земји се „за“, а кои „против“ почнувањето преговори. Ако министерот биде доблесен и излезе на ТВ дуел или ги обајви, ги декласифицира тие информации, потенцира Милошоски, на јавноста ќе и биде појасно.

-Прифаќам да поднесам оставка за лажни вести ден по поднесувањето оставка од страна на Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров кои во 2018 година ширеа лажни вести дека Македонија добила датум за јуни 2019-та. Многу ми е жал што лани премиерот Заев манипулираше со македонската јавност дека во јуни имаме сигурен датум. Жал ми е што Македонија го нема добиено датумот што го заслужува од 2009 година кога првпат добивме препорака од Европската комисија за почнување на преговорите, но тогаш имавме се уште нерешен спор со Грција и тоа беше изговорот за блокада од грчката страна. Владата минатата година направи референдум и забави за ЕУ и НАТО интеграцијата, потроши 180.000 евра, убедувајќи не дека имаме датум, истакна Милошоски.

Поврзани новости