Милошоски: Ќе го блокираме законот каде амбасадор може да има и друго државјанство, освен македонско

by Fokus 12:53
12:53

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денес на својот фејсбук профил посочи дека тој заедно со своите колеги ќе го блокира предлог законот за надворешни работи.

„Заедно со колеги пратеници ќе го блокираме предлог Законот за надворешни работи, каде за амбасадор се дозволува да има и друго државјанство, освен македонско. Тоа е погрешно решение и ќе поднесеме 300 амандмани. Прво, затоа што измената е произволна и претставува обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владините партнери за пополнување на амбасадорски позиции. Второ, овие измени се спротивни на Законот за класифицирани информации според кој неопходен предуслов за кандидатот за амбасадор да добие “безбедносен сертификат со степен Државна тајна” е да не е државјанин и на друга држава, а амбасадор без безбедносен сертификат не е амбасадор. Трето, затоа што дипломатијата, како и безбедноста, е сензитивна професија каде лојалноста кон матичната држава Македонија не смее да биде доведена под знак прашалник“, се вели во соопштението од Милошоски.

- Advertisements -

Поврзани новости