Милошоски и Алити ќе му бидат заменици на Велјановски

by Фокус

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, ќе биде нов потпретседател на собранието.

Вториот заменик на парламентарниот спикер Трајко Велјановски, пак, ќе биде довчерашниот директор на „Македонски пошти“ избран како кадровско решение на ДУИ, Рафиз Алити.

Ова е епилогот од денешната собраниска седница на Комисијата за избори и именувања, чиј претседател Зоран Илиоски изјави дека третото потпретседателско место се чува за СДСМ, која го бојкотира законодавниот дом.

Поврзани новости