Милошоски го обвини Заев за документите дека е санкциониран во Германија

by Фокус

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје во рамки на предметот „Моќник“, одбегна да даде одговор за документите што ги објави А1 он, врз основа на кои порталот објави дека пратеникот на ДПМНЕ бил санкциониран во Германија за кражба и фалсификување.

-Манипулациите на аболицираниот криминалец Зоран Заев се видоа во „Монструм“ – кусо прокоментира Милошоски без да се произнесе конкретно околу документите.

Инаку, речиси три месеци не може да почне судењето за судскиот процес „Моќник“ во кој еден од обвинетите е Милошоски. Денешниот петти обид за старт на судскиот процес пропадна бидејќи тројца обвинети, поранешни членови на Комисијата за лустрација, побараа сите материјали да им бидат преведени на мајчин – албански јазик.

Поврзани новости