Милошоски: Фамилијата на Заев е влијателна, но очекувам тој да биде повикан на распит

by Fokus

Откако денеска пушти аудио-снимка за екс-премиерот Зоран Заев, пратеникот Антонијо Милошоски порача дека верува дека лидерот на владејачката партија ќе биде повикан на распит во ЈО.

„Од оваа аудио-снимка јасно се гледа дека Заев бил во тесна врска со Катица Јанева и може да се заклучи дека тие двајцата биле во тесна координација за случајот „Рекет“. Знам дека неговата фамилија е влијателна и тој треба да биде повикан на распит. Се гледа дека Заев преку оваа снимка бил и врховен судија и специјален јавен обвинител“, истакна Милошоски.

Поврзани новости