Милошоски: Димитров бара нова работа

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди дека министерот за надворешни работи бара нова позиција во Обединетите нации, односно дека не планира да го заврши својот мандат како шеф на дипломатијата во Македонија.

„Не знам дали кариерата на Никола Димитров е “на иста линија” со онаа на Заев, која исклучиво зависи од решението на спорот со името, но дипломати од Обединетите Нации дојавуваат дека министерот долгорочно не ја гледа својата перспектива во Република Македонија. Но, времето ќе покаже“, пишува Милошоски.

Во пораката која ја објави тој на социјалната мрежа Фејсбук, стои:

„Министерот за надворешни работи веќе започнал разговори со некои дипломати од Обединетите нации и Холандија во Њујорк за да ја поддржат неговата номинација (најверојатно кон крајот на 2018) за некоја средно висока позиција во ОН-Њујорк, ОН – Хаг, ОН-Виена или ОН-Женева“, стои во пораката.

Поврзани новости