Милошоски бара од Димитров отчет пред пратениците за неуспехот во Брисел

by Fokus

Пратеникот на редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски очигледно не е задоволен од неуспехот околу давањето датум за преговори за Македонија, па ќе побара отчет од министерот Никола Димитров за таквиот резултат.

„Согласно чл.6 од Законот за надворешни работи министерот за надворешни работи има обврска да се обрати пред Комисијата за надворешна политика во Собранието најмалку два пати во годината. После Бриселскиот неуспех за добивање на датумот, кој Димитров и Заев го прославија уште лани, македонските граѓани и нивните претставници во Собранието имаат право да ги чујат објаснувањата на министерот, а тој има обврска да го испочитува Законот. За ова обраќање на Димитров во Собранието очекувам голем интерес и кај пратениците и кај јавноста. А после тоа веројатно и уште една интерпелација за МНР Димитров“, посочи Милошоски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости