Милионски тендери добива фирма блиска до СДСМ која е единствен понудувач, обвинува Стоилковски

by fokus

Откако вчера опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави дека за одронот на автопатот Миладиновци – Штип, работата ја добива единствен понудувач, компанија блиска на СДСМ, битолски „Стентон“, денеска партискиот портпарил покажа документи за уште една јавна набавка којашто ја добила „Стентон“.

-Ова е документ за уште една јавна набавка, неполни два месеци по јавната набавка за автопатот Миладиновци – Штип, „Санација на одрон на делница Хамзали – Берово“, и повторно има само еден понудувач, и повторно тој еден понудувач ја зема работата и повторно тоа е битолски „Стентон“!

Очигледно е дека единствен критериум за избор на тендер на општини, јавни претпријатија и компании предводени од СДСМ/ДУИ највозможно е да има само единствен понудувач!

Станува збор за зафат вреден над еден милион евра!

Единствен понудувач на тендер, јавен повик, за градежни компании, за расчистување на одроните со вкупна вредност од 1,8 милиони евра, тендер распишан од Државни патишта!, изјави Стоилковски.

Според него, компанијата од Битола е блиска до СДСМ и е поврзана со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола на последните локални избори.

-Како е возможно на толкави тендери вредни 1,8 милиони евра, да биде пријавен само еден понудувач? Како е возможно на тендер кој што вреди над еден милион евра за расчистување на делница кај Берово да има само еден единствен понудувач? И тоа кој што понудил според проценетата вредност за набавката со ДДВ изнесува 64 милиони и 900 илјади денари, а понудувачот понудил 64 милиони и 800 и безмалку 42 илјади денари, праша Стоилковски.

Поврзани новости