Милиони Италијанци без приход во екот на пандемијата

by Frosina Fakova

Околу 21 милион луѓе во Италија се соочуваат со финансиски тешкотии поради блокадата во земјата, а повеќе милиони останаа без приходи во екот на пандемијата на Ковид-19, покажа истражување објавено денеска.

Како резултат на блокадата, во Италија „околу 3,7 милиони работници останаа без ниту еден приход во семејството“, а речиси седум милиони граѓани живеат со 500 евра месечно бруто заработка, се вели во извештајот на Универзитетот Тусциа во регионот Лацио.

Мерките за целосен карантин во Италија се продолжени до 3 мај, по што се очекува постепено придвижување на производствените активности.

Поврзани новости