Милијардер се ожени со 26 години помлада готвачка, им пееше Лејди Гага

by Fokus

МилијардеротАлан Хауард минатиот викенд се ожени со својата партнерка Керолајн Бајрон во една од најелитните вили на италијанското езеро Комо, каде притоа собра група богати и славни луѓе кои не сакаа да го пропуштат овој отмен настан на сезоната.

Британската и светската елита се собра минатиот викенд на езерото Комо, во една од тамошните раскошни вили, за да сведочат на свадбените завети на 33-годишната готвачка Керолин Бајрон и 59-годишниот милијардер Алан Хауард.

Двојката се подготвувала за обновување на заветите на отворено, во градините на вила Олмо од 18 век. Невестата блескала во раскошна бела венчаница со долг вел, додека младоженецот се одлучил за син костум, а церемонијата била направена според еврејските обичаи.

Фото: Профимедиа

Поврзани новости