Милевски: Заев не мораше да ги прибере Тачи и Бајрам во владата

by Fokus

За Амди Бајрам и за Мендух Тачи нема место во Владата, повторува Горан Милевски, претседател на Либерално-демократската партија (ЛДП), чии пратеници во петокот не гласа за дел од предлозите за реконструкција на тимот на премиерот Зоран Заев. Поддршката за него останува непроменета, но на некои работи ќе мора да им се стави крај, тврди тој за „Независен весник“.

„Мендух Тачи ниту еднаш се нема извинето за тоа што го правеше на политичката сцена, за случаите на специјалното јавно обвинителство во кои е обвинет, за притисокот врз Државната изборна комисија при решавањето на жалбите, а сѐ уште е на црната листа на САД. Истото важи за Амди Бајрам. Ние како ЛДП цели 11 години бевме во опозиција, се однесувавме достоинствено, па така треба да прават и другите. Ваквите трансфери се неприродни и ја изигруваат волјата на гласачите. Зборуваме за политичка проституција и таа мора да се тргне на страна. Разбираме дека премиерот можеби мораше да го направи тоа заради проширување на парламентарното мнозинство и дополнителна поддршка за владата пред клучните одлуки што треба да се донесат, но тоа не мораше да се направи по секоја цена“, вели Милевски за „Независен весник“.

Поврзани новости