Милевски протестираше пред Влада против Казандол: Не може секој белосветски криминалец да доаѓа во Македонија и да загадува

by fokus

Пратеникот од коалицијата на СДСМ и лидер на ЛДП, Горан Милевски, денеска протестираше пред Владата заедно со група граѓани против изградба на Казандол и стопирање на отворањето на нови рудници во Македонија. Милевски рече дека на протестот е дојден како пратеник и како граѓанин.

-Не можеме да одговараме за другите колеги. Ние чувствуваме потреба бидејќи мислењето ни е исто – Казандол треба да се затвори. Останатите колеги нека судат самите за себе. Не може секој белосветски криминалец да доаѓа во Македонија, да го загадува и нарушува здравјето на луѓето за личен профит. Ние сме избрани од граѓаните и треба да ги штитиме интересите на граѓаните, особено затоа што цел југоисток ни даде поддршка на локалните избори. Јас мислам дека оваа работа треба да се стопира, а тие сопственици на Казандол да се набркаат од Македонија. Сепак здравјето е пред било кој личен интерс на било кој инвеститор – изјави Милевски.

Поврзани новости