Милевски: Не сум зборувал со Мицкоски за ново парламентарно мнозинство

by Фокус

Горан Милевски од ЛДП истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со него не зборувале за идејата за парламентарно мнозинство.

-Ние сме влегле во оваа влада со јасна програма. За да се напушти коалицијата треба да се случи нешто да биде нешто спротивно од нашите програми или сфаќања. Јас не гледам што се случува да дојде до напуштање на Владата. Со ВМРО-ДПМНЕ дебатираме преку Парламантот, што е поврзано со нашето министерството. Јас сум задоволен што имаме комуникација и нашите закони поминуваат во Собрание – рече Милевски.

Поврзани новости