Милевски најави избор на советници на отворени листи

by Фокус

Новите советници во општините во државата, кои ќе се избираат на локалните избори следната година, веројатно ќе бидат кандидирани на отворени листи, при што гласачите освен партија ќе може да заокружат и кандидат/и од листата што ќе ја изберат, вели министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

-Така ќе овозможиме избор на советници кои ќе бидат од граѓаните и ќе работат за граѓаните. Очекуваме сите овие процеси да се одвиваат во текот на следната година и се надевам дека на тој начин ќе биде потврден новиот мандат на советниците во 2021 година, кои, практично, со буџетот од 2022 година ќе почнат да го работат со новите ингеренции – рече Милевски, зборувајќи за децентрализацијата.

Поврзани новости