Миленко го повикува Иванов да воведе воена состојба

by fokus

Водителот, Миленко Неделковки, по синоќешните протести против договорот со Грција, денеска побара од претседателот да воведе воена состојба доколку дојде до уште еден судир меѓу демонстрантите и полицијата.

„Уште еден ваков чин на насилство од хунтава ќе значи дека Претседателот Иванов ќе мора да: 1. Ги активира гаранциите и да го суспендира Заев; 2. Да воведе воена состојба, да ја активира армијата чиј врховен командант е и да ја суспендира сегашнава наци-фашистичка структура. Доколку Иванов не дојде на помош на својот народ ќе се саможртвуваме и ќе изгинеме ко на Ножот. Доколку пак Иванов застане зад својот народ и го заштити, тогаш ќе победиме ко на Херонеа“, пишува Неделковски на својот портал „Дудинка“.

Поврзани новости