„Миле на гатачката и текна” испишано пред Влада

by fokus 20:07
20:07

Демонстрантите и вечерва двата шарени катапулта ги вперија прво кон Владата и одново ја офарбаа.

На булеварот пред неа тие со огромни букви напишаа „Миле, на гатачката и текна”, алудирајќи на Јутјуб снимките кои станаа популарни на социјалните мрежи, а според кои „гатачка“ му дава совети на Груевски за носењето на одлуки.

- Advertising -

Гобленот пак со сликата од ВМРО-ДПНЕ зад решетки, демонстрантите го оставија како украс пред Владата.

Од тука преку плоштадот толпата тргна накај Собрание.

Поврзани новости