Миле Кузмановски татко по трет пат: Овој живот пишува романи

by Fokus
Фолк ѕвездата Миле Кузмановски и неговата партнерка, Јасмина Трајковска добија ќерка. И покрај тоа што одбива да дава изјави по повод приновата, сепак на социјалните профили и на двајцата, нивни блиски луѓе оставаат честитки и желби за добро здравје и среќен живот на новороденчето.

Миле, кој е еден од најбараните фолк пејачи во земјава, познат во кафеаните како Крал без круна, по истоимениот хит, веќе ги има близначките Ана и Јана. Ќерките, кои се на околу тринаесет годишна возраст ги доби со сопругата Верче, која му беше најголема поддршка во животот, а која почина во 2012 година по долго и тешко боледување. За неа, ја отпеа песната ,,Роман’’ но и го посвети и дуплиот албум ,,Крал без круна’’ кој што доживеа голем успех и слушаност.

И ако на професионално поле нижеше само успеси и полнеше концертни сали, Кузмановски на приватен план се бореше со тешката вистина и загубата. И покрај редовните настапи, максимално им беше посветен на ќерките, а за приватниот живот одбиваше да зборува во јавност. Кога ја сними песната ,,Роман,, изјави дека добил песни од многу автори кои што знаеле низшто минува, но единствено преку стиховите на ,,Роман,, успеал да ја раскаже својата судбина.

,,Овој живот пишува романи, а нас ни скрати толку многу страни, дур имам сила мила знај, ќе го пишувам до крај’’ – се стиховите кои ја освоија публиката, а кои ги напиша композиторот Александар Митевски. За партнерката на Миле, Јасмина, јавноста знае многу малку. Познато е дека во минатото била вработена како директорка на СОС Детско село, а денес била дел од невладина организација. Кузмановски не одговори на нашите телефонски повици, со цел да дознаеме повеќе детали за среќниот настан.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости