Mиле Костов ќе ја води внатрешната контрола во АНБ

by fokus

Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање го прифати предлогот од АНБ, Миле Костов да биде раководител на организационата единица за внатрешна контрола во АНБ.

Предлот дојде од директорот на АНБ Зарко Милошевски, а мнозинството на Комисијата го прифати. Според Милошевски, Костов е дипломиран правник со 28-годишно работно искуство во службата. Истакна дека Костов својот професионален развој го започнал во 1994 година како оперативен работник кој ги поминал сите работни нивоа во службата и има дадено исклучителен придонес во заштитата на националната безбедност.

-Се работи за личност за која лично сметам дека со својот авторитет, искуство и одлично познавање на законските надлежности ќе одговори на оваа значајна позиција и ќе претставува контролен механизам во работењето на Агенцијата. Со неговиот професионален интегритет, кредибилитет и углед што го има меѓу колегите ќе даде особен придонес во унапредувањето на професионалните стандарди и јакнењето на интегритетот на вработените, како и доследно почитување на законските и подзаконските акти на Агенцијата во целост, рече Милошевски.

Зaради сензитивноста на информациите кои би биле изнесени на седницата во текот на дебатата и со оглед на фактот дека систематизацијата на АНБ е класифициран документ, директорот на Агенцијата Милошевски побара таа да биде затворена за јавност, по што претседателот на Комисијата пратеникот Пренџов откако предлогот беше прифатен од мнозинството членови на Комисијата ја продолжи работата зад затворени врати.

Согласно членот 53 од Законот за АНБ раководителот на организационата единица за внатрешна контрола го назначува директорот на АНБ по претходна согласност од надлежното работно тело на Собранието за период од 6 години.

Поврзани новости