Миле Јанакиески барал помош од народниот правобранител

by Fokus 12:37
12:37

На судењето за случајот Топлик, односно за изградбата на Сончев град, обвинетиот Миле Јанакиески пред судот истакна дека пред да се донесе одлука бомбите да се пуштат во судница, да се утврди нивната автентичност.

-Барем десет пати побарав од СЈО да ми ги достават сите записи од моите прислушувани разговори, но одговор не добив. Затоа се обратив до Народниот правобранител и тој ја побара информацијата од СЈО. Му одговорија дека доколку во листата се утврди дека мојот број бил прислушуван ќе бидеме известени. Ова значи дека се уште не е утврдено дали воопшто сум бил прислушуван. Токму затоа бараме автентично толкување на разговорите, рече Јанакиески.

В.В.

Поврзани новости