Милaновиќ: Можно е Македонија и Албанија да бидат одвоени во преговарачкиот процес за влез во ЕУ

by Fokus

За жал, постои можност Албанија и Република Северна Македонија да бидат одвоени во преговарачкиот процес за влез во ЕУ, бидејќи Република Северна Македонија има одредени услови кои доколку не ги исполни, нема да може да продолжи. Ова го изјави претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој на покана на шефот на бугарската држава Румен Радев престојува во официјална посета на Бугарија.

Албанија најверојатно сама ќе може да го продолжи преговарачкиот процес, смета тој.

„Сега ќе дојдеме до таму што најверојатно РСМ, доколку не ги направи овие уставни измени на кои се обврза, ќе треба да почека време кога ќе го стори тоа. Тоа е услов што постои, а кој ЕУ го прифати. Македонија го потпиша овој услов и мора да го исполни“, изјави хрватскиот претседател, пренесува „БТА“.

Тој коментира дека сите овие земји веќе треба да бидат дел од ЕУ, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија.

На истава тема пред неколку дена зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама. Тој во интервју за бугарските медиуми истакна дека Албанија и Северна Македонија не треба да бидат разгледани како пакет на нивниот пат кон ЕУ.

Поврзани новости