Мијатовиќ: Националните власти треба да го подобрат третманот на мигрантите

by fokus

Комесарката за човекови права на Советот на Европа,, Дуња Мијатовиќ денеска пред ПССЕ го претстави својот прв годишен извештај откако ја презеде функцијата, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Иако извештајот опфаќа најразлични прашања за човековите права во земјите-членки на Советот на Европа, комесарката ги истакна правата на мигрантите, правата на жените, правата на лицата со попреченост, заштитата на бранителите на човекови права и безбедноста на новинарите како главни теми во нејзината работа.

– Миграцијата е едно од прашањата за човекови права на кое му посветувам приоритетно внимание, истакна Мијатовиќ.

– Националните власти треба да го подобрат третманот на мигрантите, барателите на азил и бегалците и да ги стават човековите права и принципот на споделена одговорност во центарот на нивните политики за миграција и политики за азил, нагласи комесарката за човекови права на Советот на Европа.

Поврзани новости