Мијатовиќ: Надлежните мора да ја осигураат безбедноста на новинарите

by fokus

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, реагираше по нападот на новинарот Борјан Јовановски и напиша дека тоа уште еден бесрамен обид за замолчување.

-Ова е неприфатливо однесување. Уште еден бесрамен обид за замолчување на храбриот новинар Борјан Јовановски. Надлежните мора да ја осигураат неговата безбедност, напиша денеска Мијатовиќ на својот твитер профил.

Претходно Мијатовиќ ги осуди зачестените напади на новинари во Скопје, откако новинар и снимател беа истепани на протест на иницијативата на заедничка Македонија која ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости