Мијата: Само ние самите можеме да се спасиме од апокалипсата!

by fokus

Вистинско освежување на естрадата донесе пејачката и кантавторка Наташа Крстевска – Мијата, со промоцијата на новата песна „Полетај” и интересниот видео-запис за истата.

„Полетај“ е музичко дело на Ханс Греис, текстот е на Мијата, а аранжманот на Дамир Пух, кој бил задолжен и за специфичните гитарски делници. Во видео записот како дел од бендот учествуваат Иво Митковски на тапани, Кире Мирчовски на гитара и Ване Ѓорговски на бас гитара.

Мелем продукција и Огнен Шапковски го создадоа видео записот во кој е раскажана една приказна за апокалипсата и спасот од неа. Авторот на музиката, Ханс Греис, кој исто како и Мијата е контролор на летање и музичар, за време на промоцијата, вчера, раскажа дека кога Мијата му побарала демо снимка од песната, тоа за него било голем комплимент. Сепак, ниту во сон не се надевал дека песната ќе биде лансирана во универзумот.

-Ханс е моја сродна душа во тој поглед,(контролори и музичари) така да оваа соработка беше осудена на успех – вели Мијата.

Таа додава дека текстот на песната е рефлексија на проблематиката која секојдневно ја опкружува.

-Луѓето сакаат некој друг да превземе одговорност за нивните постапки. За тоа да се промени, треба секој да започне од себе –порача Мијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости