Мијалков заразен со Ковид-19, не дојде на судењето за „Плацевите на Водно“

by fokus

Бизнисменот Орце Камчев, денеска за прв пат, без полициска придружба, се појави во Кривичниот суд, на судењето за “Плацевите на Водно”, откако пред десетина дена му беше укинат притворот.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, пак, не дојде на судењето. Тој, бил заразен со Ковид-19, поради што е во изолација од 10 јануари, а болни биле и тројца адвокати.

Мијалков и во октомври 2020 година беше позитивен на корона вирусот.
Тој непосредно пред Нова Година излезе од притвор.

Следното рочиште е закажано за 24 јануари.

Според обвинението за”Плацевите на Водно”, екс премиерот Никола Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра.

Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување градежно земјиште на Водно, поточно на зафатот веднаш над Панорама, односно во местото викано Шербетница.

В.В.

Поврзани новости