Мијалков во Таргет и Тврдина ќе го бранат четворица адвокати

by Fokus 10:46
10:46

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, денеска седна на обвинителна клупа како обвинет во случајот „Таргет и Тврдина“ за незаконското прислушување, но рочиштето се одложи поради зафатеност на еден од неговите адвокати Миле Петровски.

Покрај Василев, Мијалков во судница ќе го бранат уште тројца адвокати и тоа Антонио Апостолски, Љупчо Шврговски и Петар Василев.

- Advertisements -

На заминување од судот, на прашање на новинарите кои докази ги доставил Мијалков бидејќи судијката информираше дека неговите адвокати доставиле листа на докази, тој кусо изјави „се уште е рано“.

На обвинителна клупа денеска седнаа и обвинетите Тони Јакимовски, поранешниот шеф на Петтата управа во УБК, екс министерката Гордана Јанкулоска и шестмина вработени во УБК.

На денешното рочиште не присуствуваа Горан Грујевски и Никола Бошковски, за кои денеска ќе биде познато дали ќе бидат екстрадирани во Македонија.

Обвинетите не дозволија да бидат фотографирани и снимени во судница, бидејќи како што појасни судијката Ленка Давиткова се повикале на пресумпција на невиност и бидејќи дел од нив сѐ уште работат во УБК.

Наредното рочиште за овој случај е закажно за 17 јануари.

В.В.

Поврзани новости