Мијалков спроведен во Шутка со големо полициско обезбедување

by fokus 17:22
17:22

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков попладнево е спроведен во затворот во Шутка и почнува да го издржува притворот што му го одреди Кривичниот суд, откако му ја изрече дванаесетгодишна затворска казна за масовното прислушување.

Тој во затворот пристигна во полициско комбе и со силно полициско обезбедување и интервентна полиција.

- Advertisements -

Мијалков оди во Шутка откако Обвинителството побара, а Судот одобри, наместо куќен, да му биде одреден затворски притвор. Мијалков е првостепено осуден дека дал наредба да се прислушуваат околу 4.000 телефонски броеви во УБК, без судска наредба. Мијалков во притвор може максимално да биде задржан 60 дена, бидејќи постапката беше скратена, а против него беше поднесен обвинителен предлог, а не обвинение.

Поврзани новости