Мијалков реагира на „бомбата“: Не сум се договарал со Зоран Заев, првпат слушам за такво нешто

by Frosina Fakova

Ниту сум се договарал, ниту имам договор со Зоран Заев, првпат слушам за такво нешто, реагира поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков откако беа објавени две нови „бомби“ на Јутјуб со наслов „Зоран Заев се договорал со Сашо Мијалков“, во кои се споменува името Сашо, но не и презимето.

Мијалков реагира дека порталот „Инфомакс“, кој прв ги пренесе разговорите од Јутјуб, извлекува заклучок и го инволвира него, а тој не знае ниту за кој Сашо се мисли.

-Подолг период истиот портал се обидува да ме дискредитира со невистини и лажни вести. Од ваквите напади најголема штета трпи ВМРО-ДПМНЕ. Малкуте медиуми кои се јасно критички настроени кон власта наместо да се насочат кон анализа на пропустите на оваа влада изминативе три години, тие на неколку дена пред избори се посветуваат на пласирање невистини против мене. Погрешна стратегија, која нема да донесе подобар резултат, а треба да се надминат 454.577 гласови освоени во 2016 со ваква власт, вели Мијалков, пренесува „Плусинфо“.

Во „бомбите“ коишто беа објавени денеска се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и глас на соговорник којшто е мутиран.

Од она што може да се разбере е дека Заев бара писмено решение од финансиската полиција дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо. На крајот на тонскиот запис Заев вели „нека повлечат сѐ со решение и нема да објавам ништо“.

Според насловот „бомбата“ алудира на наводен договор на Заев со Сашо Мијаков, тогаш висок функционер во власта на ВМРО-ДПМНЕ за да не со објавуваат „бомби“ за него.

Поврзани новости