Мијалков од Шутка пренесен во „Систина“ – се жалел на болки во стомакот

by fokus 20:22
20:22

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков попладнево од притвор во Шутка бил пренесен во приватнатa болница „Систина“. Информацијата ја објави телевизија Телма, а за „Фокус“ ја потврди директорот на истражниот затвор „Скопје“, Филип Андов.

-На барање на одбраната и со одобрение од Судот, Мијалков е пренесен во „Аџибадем Систина“. Се жалел на болки во абдоменот. Таму ќе остане додека не завршат потребните испитувања, ни изјави Андов.

- Advertisements -

Мијалков минатата недела ја слушна ослободителната пресуда за случајот „Тортура“ во којшто беше обвинет, но е осуден на 12 и осум години затворска казна за масовното прислушување и за случајот „Трезор“. Тој моментално се наоѓа во притвор во Шутка до правосилноста на пресудите.

Пред извесно време Мијалков беше пренесен исто така во „Систина“ на преглед за очите, но тогаш веднаш се врати во притвор. За него почна уште еден судски процес за „Плацевите на Водно“ во кој е обвинет и Орце Камчев. Камчев пак од Шутка неколку пати досега беше пренесен на Клиниката за кардиологија и вратен во притвор.

Поврзани новости