Мијалков: Изјавата што ја дал Мухамед Зеќири е целосна лага и клевета

by Fokus

Екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков најостро ги демантира тврдењата на опозицискиот пратеник Мухамед Зеќири дека синоќа во локал бил нападнат од неговото обезбедување.

– Изјавата што ја дал Мухамед Зекири е целосна лага и клевета. Најостро ги демантирам манипулациите дека некој од моето обезбедување го нападнал. Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби – истакна Мијалков преку писмено соопштение.

Поврзани новости