Мијалков и Пуки на суд за начинот на лишување од слобода на Љубе Бошкоски

by fokus

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, каде обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на третообвинетиот Новица Станковски, за што одбраната достави медицинска документација.

Поврзани новости