Мијалков ги прислушувал сопругата и брат му?

by fokus

Таргети за прислушувње покрај стотината политичари, бизнисмени и новинари, биле и броевите на Александра Мијалкова, сопругата  на Мијалков и на неговиот брат Влатко Мијалков.

Ова денес го откри сведокот Ѓорги Лазаревски, кој на прашање на обвинителот дали имало сензитивни таргети, ги посочи Александра и Влатко Мијалков.

На ова, со гестикулации, негодуваше екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Лазаревски заедно со Звонко Костовски со години прибирале докази од нелегалното прислушување во УБК, и подоцна  ја открија аферата „Таргет“.

Поврзани новости