Мијалков: Бев многу болен, во изолација, кога видов што се случува дојдов во Обвинителство

by fokus

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков во изјава за Телевизија 24 пред Обвинителството за гонење на организиран криминал тврдеше дека бил болен и имал температура преку 40 и бил во изолација додека беше недостапен за органите за прогонот.

Тој не кажа каде бил во изолација додека го бараше полицијата на многу локации. -Сите што ме знаат, знаат дека кога ќе дадам збор, си стојам на зборот, јас никогаш нема да бегам. Кога дознав утрово веднаш еве дојдов да си го земам решението за притвор, рече Мијалков за Телевизија 24.

Нејасно е како Мијалков имал симптоми на корона кога според она што го знае јавноста тој веќе беше заразен со корона. Тој сепак се извини на цела јавност, владата и правосудните органи.

Поврзани новости