Михајловски: За одбрана на Македонија ќе ги дадеме и нашите животи

by Фокус 19:57
19:57

На контра-протестот пред Собрание се обрати и актерот Тони Михајловски, кој ги повика граѓаните да се приклучат на како што рече, вистинската страна на Македонија и нејзиниот народ.

-Да им покажеме дека и ние сме народ, дека ја сакаме оваа земја и ако треба да ја браниме, се ќе правиме, па дури и сопствените животи да ги положиме, оти Македонија тоа не е збор, тоа не се само букви, тоа е крвта на нашите дедовци, тоа сме ние и нашите деца. За нив сме спремни да се собереме за секого и за Македонија засекогаш….Да им порачаме дека не се плашиме и повторно, во нашите срца имаме љубов и мир и место за простување. Дојдете на вистинската страна, на страната на Македонија и нејзиниот народ. Само оној избран од овој народ може да ја води оваа земја. Да живее Република Македонија –  порача Михајловски.

- Advertising -

Поврзани новости