Михајловски: Сега народот ги исчисти само прозорците, а во вториот круг треба да има една убава генералка

by fokus

Актерот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, во синоќешното гостување на „Отворено“ на Алфа, упати силни критики кон премиерот Зоран Заев, додавајќи дека не очекува никаква „чистка“, каква што најави самиот Заев.

„Заев не најави ништо. Заев направи театар за широки народни маси, Заев доби шлаканица. Најверојатно од оние кои му веруваа. Ова беше казна за неговата лоша надворешна политика. И да ја направи таа чистка, не верувам дека имаат подобар кадар од овој што е сега. Сега народот ги исчисти само прозорците, а во вториот круг треба да има една убава генералка“, истакна Михајловски.

Поврзани новости