Михајловски побара 1 милион денари отштета: Со прислушувањето биле загрозени и моите новинарски извори

by fokus

На денешното рочиште за „Таргет и Тврдина“ сведочеа десетина новинари и уреници кои со години нелегално биле прислушувани од УБК.

Уредникот Горан Михајловски, рече дека во тој период работел како главен уредник на весникот Вест.

– Моите сомнежи се потврдија 2013 година, бидејќи се случувало за нешто што разговарам по телефон, со извори за вест, да добијам повик од менаџмент на весникот тоа да не се објави. Инаку добив информации дека мојот телефон е прислушкуван на прес на СДСМ во 2015 година, изјави Михајловски.

Рече дека се чувствува оштетен, бидејќи самото прислушување буди чувство на несигурност и за себе и за неговите извори како новинар. Тој најави отштета од еден милион денари.

Новинарот Борјан Јовановски, кој рече дека за неговото прислушување дознал на прес конференција на СДСМ истакна дека се чувствува оштетен и најави отштетно побарување.

Поврзани новости