479
Александар Михајловски од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување на Канал 5 рече дека на само еден час по завршувањето на гласањето, Никола Груевски излегол со говор од 45 минути.
-Говорот очигледно бил подготвен претходно. Во тие 45 минути, Груевски говореше за се, само да ја избегне одговорноста. Тој говор го оценувам како неискрен, говор да се купи дополнително време на штета на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија. Ако немаме силна опозиција, како очекуваме да имаме вистинска демократија во Македонија, рече Михајловски.