Михајловиќ имаше емотивно враќање на теренот

by fokus

Синиша Михајловиќ, стратегот на Болоња на кого пред извесен период му беше дијагностицирана леукемија, имаше емотивно враќање на фудбалските терени во Италија.

На гостувањето во Верона, популарниот Миха беше дочекан со овации од трибините. Доби и скандирања на неговото име, а тоа ги разбуди емоциите кај него и со солзи во очите се врати да го води својот тим.

Михајловиќ беше 40 дена во болница. Првата фазата на лекување е завршена, легендата е во стабилна состојба и пак се врати на клупата на Болоња.

Поврзани новости