Михајлоски: Веруваме дека членовите на нашата партија нема да подлегнат на повиците за протести

by fokus

Откако денеска иницијаторите за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ излегоа со став дека никој нема право да се затскрива зад партијата и да одбегнува да преземе лична одговорност, еден од иницијаторите, Александар Михајлоски, за „Фокус“ вели дека веруваат дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ нема да подлегнат на повиците за протести пред Кривичниот суд.

-Ние мислиме дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ се свесни за моменталната ситуација и нема да подлегнат на ваквите повици. Мнозинството од членовите сакаат партијата да заземе нов курс кон реформи и демократизација, вели Михајлоски.

Вчера и денеска околу пладне членови на ВМРО-ДПМНЕ протестираа пред Кривичниот суд против поднесените обвиненија од страна на СЈО во кои притвор се бара за дел од раководството на партијата на чело со Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески…

Бројката на оние кои протестираа не надмина 300 луѓе, а дел од нив јавно кажаа дека таму биле партиски, од ВМРО-ДПМНЕ. Најави за протест има и за вечерва.

Катерина Смилева

 

Поврзани новости